Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипата на Тотенхем славеше победа од 3:2 на гостувањето кај Вест Хем во рамките од шестото коло од Премиер Лигата.
Избраниците на Маурисио Покетино на полувремето водеа со 2:0, а двата погодоци ги постигна Хери Кејн.
По 15. минути игра во вториот дел „Петлите“ водеа и со 3:0, а голот го постигна можеби најдобриот играч на Тотенхем во овој момент, Кристијан Ериксен. Во тој момент се чинеше дека Тотенхем мирно ќе го заврши натпреварот, но не беше така.
Чичарито во 65. минута од натпреварот го намали резултатот на 3:1, а само пет минути подоцна втор жолт картон и автоматски црвен доби новиот играч на Тотенхем, Серж Орие.
Кујате во 87. минута намали и на 3:2, меѓутоа избраниците на Славен Билиќ немаа сили за големо изненадување по убедливата негатива од 3:0.