Тотенхем го договори Мура, Бразилецот веќе е во Лондон


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Тотенхем постигна договор со тимот на Пари Сен Жермен за трансфер на Лукас Мура вреден околу 25 милиони фунти.

Бразилецот веќе е во Лондон каде треба да преговара за своите примања и да ги помине неопходните медицински прегледи пред и официјално да стави потпис на договор со „петлите“.

Покетино истакна дека Тотенхем ќе донесе едно квалитетно засилување на крајот на јануарскиот преоден рок, а во Мура ќе добие одлично решение за десната крилна позиција.