Тотенхем го имаше во раце, но тогаш се појави Интер: Кој ќе ја добие битката за потписот?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тотенхем е многу заинтересиран за 24-годишниот дефназивец Јоаким Андерсен.

Данецот нуди фантастични партии оваа сезона, „Петлите“ оддамна изразија желба да потпишат, а пред неколку месеци претставниците на клубот од Северен Лондон се состанаа и со Ромије, еден од адвокатите на Сампдорија, кој притоа има и важна директорска позиција во клубот од Џенова.

На споменатиот состанок ги известиле Италијанците дека за услугите на Андерсен се подготвени да платат 25 милиони евра следното лето.

Се чинеше дека трансферот би можел да биде завршен, но во целата приказна се вмеша и Интер.

„Нероаѕурите“ ја следат ситуацијата и ја подготвуваат својата понуда за Андерсен, Марота е подготвен да уфрли и неколку играчи од екипата од Милан, за да ги убеди во Џенова да соработуваат со него, а не со „Петлите“, па останува да се види што ќе одлучат во Сампдорија.