Тотенхем загуби од Саутемптон и сега ќе се бори за четвртата позиција на табелата, лудница на „Сент Џејмс Парк“ (Видео)


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Екипата на Тотенхем претрпе неочекуван пораз од Саутемптон со 2:1 и со тоа си ја стави под знак прашалник и позицијата која води во Лигата на шампионите.

Иако само пред неколку кола Тотенхем важеше за конкурент за титулата, денес „Петлите“ од Лондон се соочуваат и со тоа да паднат на петтата позиција на табелата доколку во следното коло против Ливепрул загубат на гостински терен.

Тотенхем како гостин стигна до предност од 1:0 со голот на Хари Кејн во првиот дел, додека во второто полувреме Валери и Ворд-Праус донесоа голема победа за Саутемптон.

Избраниците на Покетино на последните четири средби во Премиер лигата претрпеа дури три порази.

ОД останатите натпревари од денешната програма најинтересно беше на „Сент Џејмс Парк“ каде домашниот Њукасл со неверојатен пресврт (3:2) славеше против Евертон. „Карамелите“ по првиот дел имаа предност од 2:0, но во второто полувреме на сцена стапи Ајозе Перез кој постигна два гола кои надополнети со голот на Рондон значеа голема победа за Њукасл.