Тотенхем значително ослабен против Манчестер Јунајтед


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хари Кејн поради истегнување на мускулот на препоната нема да биде во комбинација за настап на натпреварот против Манчестер Јунајтед во рамките од Премиер Лигата.

Англискиот репрезентативец веројатно ќе го пропушти и натпреварот против Реал Мадрид од Лигата на шампионите.

И покрај интензивните третмани Кејн дефинитивно нема да биде подготвен за дуелот со „Ѓаволите“, а голема е веројатноста дека ќе го прескокне и натпреварот со Реал Мадрид.

Најдобриот играч на Тотенхем не беше во составот ни на натпреварот кој „петлите“ го загубија од Вест Хем (2:3) во рамките од Карабао Купот.