Тотенхем купува играч од Лион


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


„Скај Спортс“ пренесува дека Тотенхем е заинтересиран за играчот на Лион, Тангуј Ндомбеле кој настапува на средината на теренот.

Се уште не е воспоставен контакт помеѓу двата тима, а истото се очекува да се случи во следните неколку денови.

Младиот Ндомбеле настапуваше како позајмен играч во Лион од редовите на Амиен, но клубот го откупи неговиот договор по крајот на сезоната. Претседателот на Лион нема намера да го продава играчот од средниот ред, но доколку пристигне вистинска понуда од Тотенхем сигурно ќе ја разгледа.