Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Британските медиуми носат информација дека Тотенхем „фрлил око“ на Макс Аронс, тинејџерската сензација од Чемпионшип.
Станува збор за 18-годишниот фудбалер на Норвич кој игра на позицијата десен бек, иако по потреба може да игра и по левата страна.
На таа позиција Спарси се добро покриени, но во лондонскиот клуб мислат на иднината и во намера им е да го ангажираат Аронс веќе во јануари. Меѓутоа, Норвич не сака да го пушти на половина сезона, бидејќи со тоа значително би ги намалиле шансите за пласман во Премиер лигата.
Тотенхем има план во јануари да го откупи договорот на Аронс за 15 милиони фунти, но овој 18-годишен фудбалер да остане во Норвич како позајмен играч до крајот на сезоната.
Тотенхем не е единствен клуб кој се интересира за Аронс, бидејќи интерес за него покажа и Лајпциг.