Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Од таборот на Тотенхем испратиле скаути кои ќе присуствуваат на вечерашниот натпревар помеѓу екипите на Милан и Аталанта.
Како што пренесува „Спорт Медиасет“ скаутите на клубот од Лондон ќе имаат задача да ја следат играта на двајца фудбалери на Милан, Сусо и Франк Кеси.
Италијанскиот медиум јавува дека од Милан ќе се согласат за продажба на Кеси и Сусо за сума од по 35 милиони фунти за секој фудбалер. Двајцата би чинеле околу 70 милиони фунти.