Тотенхем се согласи да го продаде Дембеле, негова замена ќе биде македонски репрезентативец


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Скај Спортс“ пренесува дека од редовите на Тотенхем прифатиле понуда во висина од девет милиони фунти од тимот на Бежинг Синобо Гуан за услугите на Муса Дембеле.

Договорот на белгискиот интернационалец истекува по крајот на оваа сезона, па тој е слободен да преговара со тимовите заинтересирани за неговиот потпис.

Бидејќи кинескиот клуб не планира да чека уште шест месеци за да го ангажира, понудил прифатлива понуда за Тотенхем, па се очекува трансферот да се реализира во следните неколку дена.

Медиумите во Англија и Италија пишуваат дека замената за Дембеле ќе дојде од турскиот Фенербхаче и тоа ќе биде нашиот репрезентативец, Елиф Елмас.

„Калчомеркато“ пренесува дека од Тотенхем се подготвени да издвојат сума од 18 милиони фунти за да ги добијат услугите на Елиф Елмас. За нашиот бисер има сериозен интерес и од тимовите на Лацио, Борусија Дортмунд и Реал Мадрид.