Тоти призна дека еден европски гигант сторил се за да го донесе во своите редови


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Легендарниот италијански фудбалер, Франческо Тоти во интервју за официјалниот сајт на Рома призна дека добил понуда од еден од најголемите светски тимови, Реал Мадрид.

Тоти наводно добил и дрес од „Кралскиот клуб“ со негово име на грбот со цел да биде убеден да се пресели во шпанскиот гигант.

„Во еден период од мојата кариера, околу 2004 или 2005 година, Реал Мадрид стори се за да им се приклучам. Дури ми испратија и дрес со бројот 10 и со Тоти на грбот обидувајќи се да ми го променат мислењето. Не велам дека Флорентино Перез и луѓето околу него ме бараа постојано, но работеа на тоа да дојдат во контакт со мене.

После тоа се сретнав со Флорентино Перез неколку пати. Последниот пат се сретнавме на ждрепката во Монако. Тој секогаш е многу пријателски настроен и понекогаш ми вели дека јас сум единствениот играч кој не можел да го убеди да се пресели во Реал Мадрид“- заклучи Тоти.