Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Таткото на талентираниот тинејџер од Јувентус, Моис Кин, барал трактори како дел од договорот за неговиот син да го продолжи договорот со „Старата дама“.
Италијанците по кратки преговори одбиле да го исполнат барањето на Биру Кин со оглед на тоа дека Јувентус немал такво право за склучување договори.
„Ми ветија земјоделска опрема за мојата компанија во Брегот на Слоновата Коска. Таму јас поседувам неколку хектари земја на која сакам да почнам да одгледувам ориз и пченка. Јас земјоделец, работев на плантажи за ориз.
Од Јувентус барав земјоделска опрема, а тие ми кажаа дека нема проблем, но по кратко време ме контактираше адвокат од Јувентус за да ми каже дека понудата за договор се одбива бидејќи моето барање е надвор од нивните заложби.“- коментираше таткото на Кин.
Биру Кин исто така потврди дека Мино Раиола не е агент на неговиот син.
Инаку, Јувентус ќе му понуди годишна плата на Моис Кин во вредност од 700.000 евра, која веројатно ќе биде прифатена.