Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Како што пишува „Дејли Стар“ во јануари следната година може да дојде до голема трампа на релација Арсенал-ПСЖ.
Имено и двата клуба во своите редови имаат играчи кои не се задоволни и многу е веројатно дека во зимскиот преоден рок ќе видиме нивна размена, со мала доплата од страна на францускиот тим. Се работи за Алексис Санчез и Јулијан Дракслер кои ако не во јануари, тогаш во јуни со сигурност ќе ја променат својата средина.
Алексис Санчез би бил уште еден дел од бомбастичниот напад на парижаните кој го сочинуваат Нејмар, Кавани и Мбапе. Дракслер по доаѓањето на Мбапе и Нејмар падна во втор план на тренерот Емери и речиси со сигурност ќе го напушти клубот. За него интерес постои и од Реал Мадрид, Интер и Баерн Минхен.