Трансферот се поблиску, откажано дружењето на Нејмар со фановите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кинеската туристичка агенција „Ктрип“ потврди дека го откажала специјалниот „Ден за фанови“ кој требаше да се одржи следната недела, а главна ѕвезда требаше да биде фудбалерот на Барселона, Нејмар.

Од агенцијата како образложение за откажувањето го наведуваат фактот што Нејмар нема да биде во можност да присуствува поради тоа што „средува трансфер работи“.

„Ктрип“ имаше закажано дружење на фановите со Нејмар во Шангај за следниот понеделник, но по откажувањето истакнаа дека сите кои купиле карти за настанот ќе си ги добијат парите назад.

Колку за потсетување, утрово Нејмар имаше жестока караница на тренинг со новиот соиграч Нелсон Семедо и веднаш продолжија шпекулациите дека деновите на Бразилецот во Барселона се изброени.