Трансфер периодот во Англија заврши, а кога завршуваат во останатите лиги?


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Вчера заврши преодниот рок во Англија, а останаа уште неколку недели до крајот на преодните рокови во останатите лиги.

Италијанците го следеа примерот на Англичаните и решија годинава да го скратат преоднит рок, па тој ќе трае до 18. август, иако досега траеше до самиот крај на август.

Во останатите пет најдобри лиги (Лига 1, Бундеслигата, Ла Лига) преодните рокови завршуваат на 31. август.

Инаку, најскап трансфер летово досега беше преминувањето на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус за 117 милиони евра, а понатаму следуваат Кепа Аризабалага со 80 милиони евра, Томас Лемар со 70 милиони, Ријад Марез со 67 милиони…