„Требаше да одам на едно сопирање“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Возачот на Ред Бул, Даниел Рикардо по трката во Абу Даби, изјави дека требало само еднаш да влезе во боксот.

    „Не сакам премногу да се жалам бидејќи сепак бев 5-ти. Но, малку сум фрустриран бидејќи претчуствував дека тоа би можело да се одработи со едно сопирање.“

    Рикардо му честиташе на Нико Розберг за освоената титула.

    „Му симнувам капа, го издржа притисокот кога не беше ниту малку лесно. Не сакам сега да размислувам за наредната година, кога ќе се разбудам на денот по првите тестови во февруари, тогаш ќе ме прашате.“