Тренер на Премиерлигаш го воодушеви газдата, па ќе си добие – награда!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Вотфорд, Хави Гарсија, ќе потпише нов тригодишен договор со фудбалскиот клуб, барем така пренесуваат англиските медиуми.

Според новиот договор, Гарсија ќе остане во клубот до крајот на сезоната 2020/21.

Шпанскиот тренер минатата година ја предводеше екипата до 14. место, откако Вотфорд имаше една победа во 11 натпревари под водство на Марко Силва.

Тој ќе стане првиот тренер на Вотфорд, кој го продолжил договорот со клубот уште од Малки Макај во 2011. година.