Третиот РЕКОРДЕН трансфер дил на Барселона: Бразилецот најскап по Нејмар и Фиго!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Паулињо и службено стана фудбалер на Гуанжу Евергранде.

Бразилскиот фудбалер во кинескиот клуб замина изминатото лето на едногодишна позајмица со можност за откуп на договорот, а веќе со почетокот на зимскиот преоден рок, Кинезите одлучија да го откупат неговиот договор.

Објавено е дека Барселона од кинескиот клуб би можела да добие 50 милиони евра за бразилскиот репрезентативец, но на крајот на „Камп Ноу“ ќе стигнат осум милиони помалку.

За потсетување, Паулињо во 2017. година токму од Гунажу пристигна во Барселона за 40 милиони евра и за каталонскиот клуб одигра солидна сезона.

Со 42 милиони евра кои и ги донесе на Барселона, Паулињо е третиот најскап играч кој заминал од „Камп Ноу“. Рекордер на Барселона, воедно и на светот е Нејмар, кој во 2017. година за 222 милиони евра се пресели во ПСЖ, а пред Паулињо е само уште Луис Фиго кој Реал Мадрид во 2000. година го плати 60 милиони евра.