Трипл-дабл за Вестбрук: Индијана го шокираше Клиперс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Четири натпревари беа одиграни во НБА лигата во ноќта од недела кон понеделник, а најголемото изненадување го направија Индијана, кои како гости успеаа да го победат Клиперс со 111:102.

Кај гостите најдобар беше Јанг со 17 поени, а Стуки и Џорџ по 16. На другата страна Грифин постигна 24, а Крис Пол постигна 18.

Одлична ноќ повторно имаше Расел Вестбрук. Тој повторно стигна до трипл-дабл со 28 поени, 17 скокови и 12 асистенции во победата на Оклахома против Њу Орлеанс ос 101:92. На гостите не успеа да им помогне ниту одличниот Ентони Дејвис со 37 поени и 15 скокови. Тој стигна оваа сезона до бројката од 10 трипл-дабл, а остатокот на лигата има 1 повеќе.

Де Маркус со 36 поени и 12 асистенции, како и Руди Геј со 22 поени не беа доволни на Сакраменто да стигне до победа против Њујорк,

Домаќините лесно стигнаа до победата со 106:98 со одлична тимска игра. Кармело Ентони и Дерик Роуз постигнаа по 20 поени за домашниот тим.

Во уште еден натпревар Орландо беше подобар од Детроит со 98:92.

https://youtu.be/3qsODG6EUmk