Три англиски гиганти во борба за ѕвезда од Серија А


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал, Манчестер јунајтед и Манчестер сити се борат за ѕвездата на Рома, Џенгиз Ундер, а наводно гигантот од Лондон испратил понуда од 55 милиони евра.

Италијанските медиуми пишуваат дека Ундер се наоѓа пред заминување од италијанскиот гигант, каде што игра одлично, па досега има постигнато шест гола и шест асистенции.

Рома, наводно не сака да ја прифати понудата од 55 милиони евра од Арсенал, зашто не сака да го продаде својот фудбалер, но и покрај тоа медиумите шпекулираат дека доколку Ундер не замине зимава, тогаш тоа ќе го направи наредното лето.

Да потсетиме, талентираниот фудбалер претходно привлече интерес и од Челси, кој не направи никаков конректен потег за неговите услуги.