Три гиганти во акција за Французинот: Рајола има интересен план за Погба!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Три години го селеа од Јувентус во разни клубови, а на крајот Пол Погба премина во Манчестер јунајтед во 2016. година.

Познато е дека во Јунајтед не функционира како што треба, дека и Жозе Мурињо е во тешка позиција, а навивачите не се задоволни затоа што резултатите се лоши, а што е најлошо е атмосферата во клубот.

Агентот на Погба, Мино Рајола, се обиде да му најде нов клуб, а италијанските медиуми пишуваат дека во декември ќе има состанок со Јувентус за да разговара за враќање во Торино.

„Тутоспорт“ пишува дека, освен Јувентус, за Погба се заинтересирани и ПСЖ и Барселона.

„Мојата иднина во моментов е во Манчестер, уште имам договор, играм за нив во моментов, но кој знае што ќе се случи во наредните неколку месеци“, кажа Погба.