Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Името на репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Един Џеко се почесто се споме нува во контекст на заминување од Рома.
Един веќе четири сезони игра навистина фантастично во дресот на римскиот тим, но и покрај фактот дека е главен креатор на успехот на Волчицата, раководството размислува да го продаде.
Италијанските медиуми тврдат дека цената за Џеко е веќе поставена. Како што се наведува подготвени се да го пуштат за 30 милиони евра, а иако има 33 години, Един нема да има премногу проблеми да пронајде нов тим.
За неговите услуги интерес покажуваат три екипи. Две се од Англија, една од Италија, а се работи за Евертон, Вест Хем и Интер.
Тандемот од Премиер лигата и претходните месеци се поврзуваше со неговото име. Сепак, не успеаа да го вратат на Островот, но не се откажаа.
Евертон и Вест Хем ќе се обидат да го донесат ова лето. Обата тима имаат потреба од напаѓач и Џеко го гледаат како идеален за својот тим.
Меѓутоа, тука е и Интер. „Нероаѕурите“ го сакаат Џеко во својот тим како замена за Мауро Икарди, кој се наоѓа на излезните врати на тимот и постои можност да Дијамантот останува и во Италија.
Пред Џеко секако е интересно лето. Понуда сигурно ќе има и останува да се види дали на крајот ќе се реализира трансферот.