Три причини за враќањето на Бензема и оживување на „деветката“


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Карим Бензема беше најдобар играч на Реал Мадрид против Алавес.

Францускиот напаѓач конечно се врати во форма. Поддршката од Зидан и неговите соиграчи се причина за будење на голгетерот.

Бензема му асистираше на Роналдо при првиот гол, а на крајот постигна и гол на крајот од мечот, па три причини велат дека тој ќе се врати во форма.

Првата е тоа што е активен во тимските натпревари, поточно беше активен сите 90 минути и придонесе со својата игра за победа на екипата. Втората причина е неговото често враќање во одбраната, за да им помогне на соиграчите во дефанзивните задачи додека последната е поддршката од Зидан и соиграчите, кои веруваа во него и неговите способности.