Тројца играчи сакаат да го напуштат Торино уште во јануари


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Конфликтот за кој пишуваа италијанските медиуми кој се води во соблекувалната на Јувентус доби свој епилог.

Откако Бепе Марота јавно призна дека Алекс Сандро побарал да го напушти клубот во јануарскиот преоден рок на површина испливаа уште две имиња кои побарале трансфер оваа зима.

Имено, Стефан Лихштајнер и Хуан Квадрадо незадоволни од односот на италијанските играчи во тимот побарале исто така да бидат продадени. Конфликтот меѓу домашните и странските играчи во Јувентус кулминирал пред почетокот на натпреварот против Сампдорија кој „Старата дама“ го загуби со 3:2.