Туре претставен во Олимпијакос, навивачите го пречекаа како – крал! (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот африкански играч за врска, Јаја Туре од вчера е член на грчки Олимпијакос.

По завршувањето на договорот со Манчестер сити, за кој настапуваше осум години, Туре, реши да се врати во Олимпијакос, во кој играше во 2005. година.

Иако го бараа голем број клубови како од Англија и уште неколку земји, Туре реши да го одржи својот збор.

„Кога во 2006. година решив да замина, кажав дека еден ден ќе се вратам. Сега дојде тој ден и јас сум среќен поради тоа“, кажа Туре.

Неговото пристигнување предизвика еуфорија кај навивачите на грчкиот гигант, кои го пречекаа Туре како – крал.