Тухел нема да го превземе Леверкузен!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тухел нема да биде нов тренер на Леверкузен, барем така тврди неговиот агент.

Леверкузен е решен во намерата да најде брзо решение и да донесе тренер, откако не ја продолжија соработката со Коркут.

Последните шпекулации велат дека Тухел ќе го превземе тимот, но неговиот агент вели дека тоа не е вистина.

„Томас нема да го превземе Леверкузен. Ќе видиме што ќе се случува кога ќе се вратам од одмор. Може да земе малку слободно време, а потоа да тренира некој клуб од странство.“