Тухел не ги штеди силите: ПСЖ со најсилен состав против Црвена Звезда


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Екипата на ПСЖ вечерва е домаќин на белградска Црвена Звезда во рамките од второто коло од Лигата на шампионите.

Тренерот на парижаните, Томас Тухел на терен го извади речиси најдобриот состав со најголемите ѕвезди Мбапе, Нејмар, Кавани и Ди Марија.

Во Црвена Звезда пак недостасува новото засилување, Ричмонд Боачи кој ќе го пропушти овој натпревар поради повреда.