Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лигата на шампиони по два месеци пауза се враќа, а вечерва се играат два натпревари од осминафиналето. Рома во Рим ќе го пречека Порто, а во центар на внимание е дуелот меѓу ПСЖ и Манчестер јунајтед.
Тренерот на францускиот клуб, Томас Тухел на „Олд Трафорд“ нема да може да смета на своите најдобри фудбалери Едисон Кавани и Нејмар.
Тухел не може да смета ниту на десниот бек Томас Мунир, а во француските медиуми се шпекулира дека ПСЖ ќе игра со формација 3-4-3 или постои можност формацијата да биде 4-2-3-1, а единствен напаѓач да биде Килијан Мбапе.
Дани Алвеш би можел натпреварот да го игра како десно крило, наместо десен бек, а на левата страна се очекува да настапи Ди Марија.