Удар за Ѓаволите: Агентот на Зидан коментираше за поврзувања со Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Агентот на Зинедин Зидан ги отфрли шпекулациите кои го поврзуваат неговиот клиент со преселување во Англија.

Поранешниот тренер на Реал Мадрид беше силно поврзуван со тренерското столче во Манчестер Јунајтед, но такво нешто отфрли агентот на Французинот, Алаин Миљачо.

„Не мислам дека ќе води клуб во Англија. Разговарав со него и водењето клуб од Англија не го привлекува многу. Тој избра да има одмор една година и нема да води тим повторно пред тој да заврши“- коментираше Миљачио за „Журнал ду Диманш“.