УЕФА воодушеви со Регионалната лига: Шампионот директно во ЛШ, вицешампионот во Европската лига


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Регионалната лига не е интересна само на Балканот, веќе има одек и во Европа. Така англиските медиуми пишуваа за овој проект, кој треба да почне во 2018 година.

УЕФА воодушеви со идејата за заедничко натпреварување во кое ќе учествуваат клубови од Македонија, Словенија, Србија, БиХ и Хрватска, а токму ова натпреварување треба да биде во страна со најдобрите европски лиги.

Сметаат дека клубовите од европските маргини во најсилните натпреварувања се приближуваат на клубовите од најсилните европски лиги за кои моментално многу заостануваат.

Концетрацијата на најдобрите играчи од регионот во една лига, сметаат, ќе привлече поквалитетни играчи кои често избираат други лиги поради европска лига воглавно поради подобрите услови и посилното ниво на натпреварување.

Така директорот на македонската прва лига го претстави проектот на УЕФА во 30-минутно излагање, а наводно сите за ова биле воодушевени од презентацијата.

Најгласни биле директорот на УЕФА натпреварувањето Џорџо Маркети и првиот човек на УЕФА Александар Чеферин.

УЕФА, како што моментално стојат работите, целосно ќе ја покрие финанската страна од приказната, а учесниците бараат директен пласман во ЛШ за победникот, и место во групната фаза на ЕЛ за вицешампионот.

Лигата треба да започне во 2018 година каде што ќе се соберат 24 најдобри екипи од регионот во шест групи.

Предвидено е групната фаза да се одигра во есен, а накаут фазата во пролет.

До полуфиналето ќе се одиграат два натпревари, а во финалето само еден и тоа на неутрален терен.