УЕФА го казни ПСЖ, а почна дополнителна истрага против Ц. Звезда


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Европската фудбалска федерација (УЕФА) почна нова истрага поради инцидентите на навивачите во натпреварот од второто коло во Лигата на шампиони помеѓу ПСЖ и Црвена Звезда во Париз.

Дуелот помеѓу францускиот и српскиот шампион е под истрага на Дисциплинската комисија на УЕФА, а на официјалниот сајт на ПСЖ објавија дека ќе мора да платат 20.000 евра поради факелите, проблемите со навивачите и доцнењето на почетокот на дуелот.

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, доби предупредување поради непристојноот однеусвање, а против екипата од Белград е почната постапка поради публиката, која скандирала забранети пароли.

Да потсетиме, во моментов француското обвинителство почна истрага поради наводниот обид за уплата од пет милиони евра на пораз на српската екипа од пет голови.