Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Европската фудбалска унија (УЕФА) потврди дека од 2021 година ќе почне новото клупско натпреварување, кое долго време беше најавувано.
Станува збор за Лига Европа 2, па 32 екипи ќе бидат поделени во четири групи по осум тимови, а во нокаут-фазата ќе се пласираат по две првопласирани екипи од секоја група.
И тука станува интересно, пред осминафиналето е воведена дополнителна елиминациона фаза во која ќе играат второпласираниот тим од Лига Европа 2 со третопласираната екипа од група во Лига Европа 1.
Победникот на новоформираното натпреварување ќе учествува во Лига Европа 1 во сезоната по освојување на трофејот, а како што потврди УЕФА, новото натпреварување ќе им дозволи на најмалку 34 земји да бидат застапени во групната фаза, а досега најмалиот гарантиран број на земји изнесуваше 26.
Финалето од новото натпреварување ќе се игра во среда, а финалето во Лига Европа 1 ќе се игра во четврток, додека финалето во Лигата на шампиони, како и последните години, ќе биде закажно за сабота.
„Ќе биде ова шанса за повеќе клубови да одиграат повеќе натпревари, како и да поголем број земји членки на УЕФА бидат застапени во групната фаза“, кажа претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.