УЕФА одлучи: Ова е казната за Кристијано Роналдо


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дисциплинската комисија на УЕФА пред неколку дена отвори истрага против Кристиано Роналдо за гестот кој го направи Португалецот против Атлетико Мадрид во Лигата на шампиони.

Роналдо третиот гол на мечот го прослави така што покажа на меѓуножјето, со што испрати провокативна порака до тренерот на „јорганџиите“ Диего Симеоне, кој на истиот начин славеше во Мадрид.

УЕФА тој гест го процени како неспортски и отвори истрага, а денес и официјално беше изречена казната за Португалецот.

Ѕвездата на Јувентус помина без суспензија и доби само парична казна од 20.000 евра.

Тоа значи дека Роналдо ќе може да настапи во четвртфиналето од Лигата на шампиони против Ајакс.