УЕФА откри како ќе оддаде почит на Емилијано Сала


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Европската куќа на фудбалот (УЕФА) објави на каков начин неделава ќе му оддаде почит на трагично настраданиот Емилијано Сала.

УЕФА ќе му оддаде почит со минута молк кој ќе биде одржан на сите натпревари во европските натпреварувања.

„Во име на сите во УЕФА, сакам да изразам најдлабоко сочуство на семејството и сите кои го сакаа Сала. Многу сум погоден со фактот дека еден млад живот заврши и апелирам до сите навивачи да му оддадат почит на Аргентинецот“, кажа првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин.

Поранешниот напаѓач на Нант настрада во авионска несреќа, која се случи на 21 јануари, а неговото тело беше извадено од дното на морето во Ламанш на седми февруари.