УЕФА повторно ја одложи одлуката: Милан ќе ја дознае казната во – петок!


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Европската фудбалска унија (УЕФА) наводно го одложи објавувањето на одлуката за кршењето на финансискито фер-плеј од страна на Милан за во петок.

Милан поради малверзации на Јонгхонг Ли е обвинет за кршење на финансискиот фер-плеј, а бидејќи го напушти клубот, „росонерите“ се жалеа до Судот за арбитража во Лозана.

Судот во Лозана реши дека Милан има право да учествува во Лига Европа, но случајот го вратија кај УЕФА, која треба да одреди друга казна.

Одлуката требаше да биде донесена во четврток, но „Скај“ пишува дека таа е одложена за петок. Јасно е дека „росонерите“ ќе бидат казнети, но не е познато каква ќе биде казната.