УЕФА покрена нова истрага: Овојпат на мета е Челси!


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Европската фудбалска унија, покрена денес истрага против Челси поради антисемитско однесување на навивачите.

Покрената е дисциплинска постапка и одлуката за англискиот клуб ќе биде донесена на 28. февруари.

Навивачите на Челси на мечот против унгарски Видио во Лига Европа, ги навредувале навивачите на градскиот ривал од Лондон, Тотенхем.

УЕФА ангажираше дисциплински инспектор да го истражи инцидентот, кој не е евидентиран во записникот од мечот.

Челси следниот европски меч ќе го игра против Малме на 14. и 21. февруари, во 1/16 финалето во Лига Европа.