УЕФА покренува постапка против Евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Европската куќа на фудбалот (УЕФА) најави дека ќе покрене постапка против Патрис Евра кој нападна навивач на Марсеј.

Фудбалерот на Марсеј заработи црвен картон уште пред почетокот на средбата против Гимараеш поради ударот со нога во главата на еден од навивачите на францускиот клуб.

УЕФА покрај постапката против Евра, ќе покрене дисциплинска постапка и против Марсеј. Дисциплинската комисија за инцидентот ќе одлучува на 10 ноември.

Марсеј исто така започна внатрешна истрага поради инцидентот и можно е и клубот да го санкционира поранешниот играч на Манчестер Јунајтед.