Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
ПСЖ доминира во Франција, па се пласираше и во нокаут-фазата во Лигата на шампиони, но сега се наоѓаат во огромни проблеми.
УЕФА му нареди на клубот од Париз до наредното лето да има приход од 170 милиони евра за да не биде казнет поради кршење на финансискиот фер-плеј.
Тоа практично е невозможно да се направи, освен во случај да ги продадат Нејмар или Килијан Мбапе наредната година, а за тоа размислува европскиот гигант.
Ова лето, ПСЖ се спаси во последни моменти од преодниот рок, така што продаде неколку фудбалери.
Во наредната сезона ќе имаат пеколно тешка задача, а дефинитивно постои голем интерес за нивните ѕвезди, па останува да видиме што ќе направи клубот од Париз.