УЕФА ќе го крати преодниот рок


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од Европската куќа на фудбалот (УЕФА) планираат да го скратат периодот за реализиарање на трансфери за време на летото затоа што, како што истакна претседателот на организацијата, Александар Чеферин предолго трае неизвесноста.

Многу клубови од Премиер Лигата се обединија и дадоа идеја за скратување на преодниот рок, а Чеферин испрати јасна поддршка до нивниот предлог.

„Знам дека дискусијата околу скратувањето на преодниот рок ќе предизвика разни коментари, но ние ќе ја следиме ситуацијата. Од мој агол, не е добро за фудбалерите да играат за еден клуб кога ќе почне сезоната, а потоа за друг пред трансфер пазарот официјално да се затвори. Долго време трае несигурноста. По мене преодниот рок е долг и ќе ја поддржам идејата за негово скратување“- изјави претседателот на УЕФА, Александар Чеферин во интервју за британскиот медиум „Тhe Times“.

Во повеќето европски земји преодниот рок трае од 1. јули до 1. септември на полноќ.