Ултиматум! Во мај станува најскапиот во историјата?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мора да испрати одговор. Дали Буфон по 15 години ќе биде симнат од врвот?

Англиските медиуми тврдат дека Реал е блиску до трансферот на векот, кога станува збор за голманите.

Флорентино Перез му даде ултиматум на Де Геа кога станува збор за Реал.

Тој сака одговор до средината на мај, ако Шпанецот се согласи да се врати во татковината, ќе започнат преговори со Јунајтед.

Цената се знае, околу 60 милиони евра, Реал е подготвен да го плати и да го направи најскапиот голман во историјата.

Веќе се знае дека му е доста во Англија на него и дека многу малку му недостигаше во 2015-та година да премине во Реал.

Тогаш трансферот пропадна, тој го продолжи договорот, но и понатаму се зборува за клаузулата од 60 милиони евра.

Во овој момент не е јасно како Јунајтед ќе успее да го задржи, особено ако не избори ЛШ.

Како што пишувавме, на Шпанецот му пречи градот, времето, начинот на живот и тој сака да се врати дома.

Познато е дека Перез работи на случајот и сака да си обезбеди голман за наредните 10 години!