„Уморен сум! Ми треба одмор!“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Не е ниту чудо ако имаме во предвид колку натпревари одигра од Вимблдон до денес.

    За разлика од Ѓоковиќ, кој доживеа рана елиминација на Вимблдон и ОИ во Рио, а потоа и 3 предавања на натпреварите до финалето во УС Опен, Мареј во тој период многу се потроши.

    Успеа да го освои Вимблдон и злато во Рио, а потоа полека почна да му паѓа формата. Во 4-финалето на УС Опен го запре Нишикори, а минатиот викенд настапуваше за Дејвис куп репрезентацијата во дуелот со Аргентина.

    Тука водеше исцрпувачка борба со Дел Потро, а таа траеше повеќе од 5 часови, а за да му биде уште потешко, неговиот труд не го даде посакуваниот резултат, Дел Потро победи со 3:2 во сетови.

    Разочаран од таквиот епилог, Мареј им призна на новинарите дека чувствува голем замор.

    „Играв многу тенис во последните месеци, потребен ми е одмор.“

    „Знаев дека чувствувам некоја болка во текот на викендот, разговарав со својот тим дека ќе биде навистина тешко, но не очекував да биде претешко.“

    Сега најдобрите тенисери во светот ги очекува турнеја во Азија, па ќе биде интересно дали Мареј до тогаш ќе ја врати својата тежина.