Управата на Манчестер Јунајтед не знае да му каже НЕ на Мурињо: Нови пари за трансфери


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јунајтед и во овој транфер период ќе биде многу активен, а најновите вести од Англија велат дека на „Олд Трафорд“ сигурно ќе дојдат нови играчи.

Како што е наведено, Жозе Мурињо од управата на клубот добил зелено светло да започне да разсмилува за освежување на екипата. Точната бројка која ќе ја има за располагање не е позната, но веќе е познато дека фокусот ќе биде на донесување нов квалитетен дефанзивец.

Манчестер Јунајтед оваа сезона има многу проблеми со повредите на дефанзивците (Бејли, Смолинг), па поради оваа причина Мурињо ќе бара квалитетно засилување на позицијата стопер.

Потсетуваме, Манчестер Јунајтед минатото лето на трансфери потроши околу 150 милиони фунти, а ни останува да видиме што ќе се случи во јануари.