Урнебесен коментар на Мурињо: И јас можев да бранам како Кабалјеро (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот Жозе Мурињо имаше посебен коментар по катастрофалната игра на Аргентина и поразот од Хрватска со 3-0.

Мурињо очигледно не го сака искусниот голман Вили Кабалјеро, кој направи неверојатна грешка при првиот гол на Хрватска, односно Анте Ребиќ, кој погоди за 1-0.

„Кабалјеро на голот или јас, исто е, затоа што јас би одбранил исто што и тој“, кажа Мурињо.

Инаку, Кабалјеро е еден од трагичарите на Аргентина, а дефинитивно нема да му се допадне ниту овој коментар, ниту останатите критики кои ќе следуваат на негова сметка.