Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Напаѓачот на Хофенхајм, Андреј Крамариќ се одмора во Дубаи за време на паузата во германскиот шампионат, а реши да посети и една зоолошка градина и притоа се фотографираше со животните.
Но, доживеа и мали непријатности. Крамариќ си играше со мајмун, но на него не му се допадна тоа и го зграпчи хрватскиот напаѓач за рака и на секунда изгледаше дека не сака да го пушти.
„Кога на некого ќе му дадеш прст, а ти ја зема цела рака“, напиша Крамариќ.
Инаку, Крамариќ играше одлична полусезона во Бундеслигата и на 20 одиграни натпревари за Хофенхајм постигна 11 голови и три асистенции.