Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Викендов во спортската сала на Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид , се одржа полагање за појаси во организација на Македонската ИТФ.
Младите спортисти беа одлично подготвени за полагањето ,со што се покажаа во најдобро светло и беспрекорно ги заслужија појасите, покажувајќи врвна техника, сите беа во одлична кондиција, тестот на снага и специјалните техники ги одработија перфектно, со што можеме да се пофалиме дека имаме доста перспективни и надежни спортисти кои секој ден се подобри и подобри, кои исто така се докажани на многубројни меѓународни ИТФ турнири.
„Давид Крстески кој е освојувач на многу медали и е најдобар во својата категорија на Балканот и пошироко се закити најзаслужно со црвен појас, со што го исполни и последниот критериум за учество на Европско првенство. Наполни 11 години и следната година на Европското Таеквон-до ИТФ првенство во Римини, Италија ќе ги брани боите на Македонија. Нашиот клуб е исто така побогат со девет жолти појаси , кои сега исполнуваат норма за натпревари и се потенцијални нови натпреварувачи,и во иднина се надеваме дека и тие ќе не радуваат со успеси“-изјави Марјанчо Лазаревски претседател на Македонската ИТФ и претседател на Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид.
Со повисоки појаси се закитија:
-Давид крстески- црвен појас
-Христијан Митрески -црвен појас
-Давид Велковски- син виши појас
-Јане Димов- син појас
-Марио Крстески- син појас
Филип Трифуноски – син појас