Усук ја обрани титулата и тоа со брутален нокаут против Белју! (ВИДЕО)


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Љубителите на боречките спортови синоќа можеа да следат навистина фантастична битка помеѓу Олександер Усук и Тони Белју, а на крајот Украинецот победи со неверојатен нокаут.

Украинскиот борец во осмата рунда реши да ја заврши борбата и тоа го направи со удар, кој го уништи Белју, кој остана да лежи во својот агол.

Усук имаше фантастична борба против Британецот и заслужено ја освои титулата, а како изгледаше нокаутот може да погледнете на видеото подолу.