Уште еден европски гигант се вмеша во трката за Рамзи


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Од таборот на Јувентус ќе сторат се што е во нивна моќ за да го убедат Арон Рамзи да потпише договор со нив, наместо кариерата да ја продолжи во Германија.

Пред неколку денови излегоа шпекулации дека Рамзи веќе се договорил со германскиот тим и дека наскоро ќе потпише четиригодишен договор со Баварците.

Интересно е тоа што Јувентус е подготвен да издвои вистинско богатство за да го обезбеди потписот на Велшанецот. Медиумите од Италија пишуваат дека од „Старата дама“ ќе му понудат договор „тежок“ 10.4 милиони фунти по сезона.