Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Трендот на преминување од НБА во кинеската лига е во пораст и последната година многу играчи ги заменија славата и компетитивноста на НБА лигата за парите и мирниот живот во Кина.
Последен играч што се реши на ваков чекор е крилниот центар Теренс Џонс, кој потпиша едногодишен договор со тимот на Киндао Иглс вреден 2 милиони долари. Џонс минатата сезона ја заврши како играч на Њу Орлеанс Пеликанс и имаше сосем солидна статистика од 11,5 поени и 5 скока по натпревар.
На тимот на Киндао не му се непознати НБА ѕвездите, откако претходно беше дом на Трејси МекГрејди, Иван Џонсон и Хамед Хадади.