Уште еден талент замина од Македонија: Тодоровски потпиша за Балзан! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од македонските фудбалски таленти Дарко Тодоровски потпиша едногодишен договор со една од најдобрите екипи во Малта, Балзан, кој минатата сезона беше вицешампион во својата држава.

Тодоровски ја почнува својата прва интернационална авантура во кариерата, откако претходно играше за тимот на Еуромилк.

Исто така, Дарко е дел од Фудбалската Академија на ФФМ – генерација 1999. година, а во кадетската и младинската конкуренција беше најдобар стрелец во своите категории.

Тодоровски постигна два гола во еден пријателски натпревар пред да потпише за Балзан, каде што ќе му се приклучи на уште еден наш интернационалец Антонио Митрев.

Инаку Балзан сезонава имаше солиден настап во квалификациите на Лигата на Европа, каде што беше подобар од азербејџанска Кешла, но во второто коло беше елиминиран од Слован Братислава.