Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По Марио Манџукиќ во следниов период уште еден клучен играч на репрезентацијата на Хрватска ќе се прости од националниот дрес.
Имено, медиумите во оваа земја пренесуваат дека капитенот и најдобар играч на неодамна завршеното Светско Првенство, Лука Модриќ за една недела ќе ја заврши репрезентативната кариера.
Модриќ со 113 настапи е трет по бројот на настапите во репрезентацијата на Хрватска, веднаш зад Дарио Срна (134) и Стипе Плетикоса (114). Дека ќе си замине од репрезентацијата, меѓу редови најави и по крајот на Мундијалот кога изјави:
„Иднината на репрезентацијата е белскава. Треба да поминат неколку дена и да се одмориме. Брзо ќе дојдат нови натпревари, но најдобро е да одлучиме што понатака по една недела или десет дена, а не сега по овој натпревар“ –коментираше Модриќ.