Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Астон Вила го врати во своите редови играчот кој и минатата сезона настапуваше кај нив како позајмен фудбалер, Аксел Туанзебе.
Туанзебе беше дел од тимот на Манчестер Јунајтед кој беше на летната турнеа во САД, а беше дел и од тимот кој вчера се соочи со Баерн Минхен.
„Прекрасно е што се вратив назад. Ова е огромен клуб и тоа што по втор пат ќе го претставувам е голема чест за мене. Немаше пречки за моето доаѓање овде, а целта останува иста како и минатата сезона, пласман во Премиер лигата“- коментираше Туанзебе по потпишувањето на договорот.